Апти Алаудинов, командант на чеченската единица Ахмат, што се бори за Русија, рече дека украинските сили напреднале 10-ина километри во областа Курск од 7 август.
„Ситуацијата не е неповратна, ништо натприродно не се случи… Да, нашите луѓе загинаа, тоа е факт. Непријателот влезе во неколку населени места“, рече Алаудинов, близок соработник на чеченскиот диктатор Рамзан Кадиров и претставник на руското Министерство за одбрана.
Алаудинов стана првиот руски командант што призна загуби откако Украина почна прекуграничен упад во регионот Курск на 6 август. И покрај постојаните тврдења на Москва дека украинското напредување е запрено, борбите продолжуваат.
Чеченскиот командант рече дека украинските сили „добро напредувале на нашата територија 10-ина километри“.
Текстот Чеченски командант: Да, наши луѓе загинаа, тоа е факт е превземен од МАКФАКС.






