Чешка воведува седумдневен полициски час

пред 3 години

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително да ја ограничи работата на продавниците за малопродажба.

„Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро“, рече министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.

Малопродавниците, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките, пренесува Ројтерс.

Воведени се построги мерки заради сериозно влошување на епидемиолошката состојба. Чешката Република викендот објави дека има 12.472 нови случаи на коронавирус, а 106 лица починаа како резултат на инфекција со Ковид-19.

Share
Scroll to Top