Чешка и Полска постигнаа договор за спорниот рудник за јаглен во граничниот појас

пред 2 години

Чешка и Полска денеска потпишаа договор за решавање на спорот поврзан со еколошката штета предизвикана од продолжувањето на работата на рудникот за јаглен „Туров“ на полската страна од границата со Чешка, соопшти чешкиот премиер Петр Фијала.

Според одредбите на договорот, Полска ќе ѝ плати на Чешка 45 милиони евра (50,8 милиони долари) како компензација за падот на водостојот во граничната зона и ќе ја заврши изградбата на заштитен подземен ѕид, соопшти Фијала, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Чешка, пак, ќе ја повлече тужбата што ја поднесе против работата на тој рудник до Европскиот суд на правдата, додаде тој.

Рудникот „Туров“, кој произведува лигнит и кафеав јаглен, е главен снабдувач на електрана, која е важна за снабдување на Полска со електрична енергија.

Чешка покрена судски спор против Полска, наведувајќи дека рудникот им нанесува голема штета на населените места и животната средина во пограничниот регион.

Полска одлучи да ја продолжи лиценцата за работа на рудникот до 2026 година и покрај тоа што беше казнета со 500.000 евра дневно на Европската комисија поради игнорирање на претходната судска одлука за прекин на производството.

Share
Scroll to Top