Чешка ја замени Русија во Советот за човекови права на ОН

пред 3 години

Генералното собрание на ОН гласаше за прием на Чешка во Советот за човекови права на ОН на местото кое беше празно откако Русија го напушти, пренесе РИА Новости.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што беше наведено, Чешка била единствениот кандидат, која освоила 157 од 97 гласови потребни за да биде избрана во УНХЦР. Прага ќе служи во советот до 31 декември 2023 година.

Во април чешкото Министерство за надворешни работи објави дека сака да ја замени Русија во Советот за човекови права на ОН, а исто така објави дека поднеле соодветна апликација.

Претходно Генералното собрание на ОН го суспендираше учеството на Русија во Советот за човекови права.

Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Генадиј Кузмин изјави дека руската страна предвреме ќе ги прекине своите овластувања во УНХЦР на 7 април.

Share
Scroll to Top