Чешкиот премиер: Издржете затворени до Велигден, и ќе одите на одмор

пред 4 години

Чешкиот премиер Андреј Бабиш им вети на Чесите дека доколку издржат строга блокада околу Велигден, ќе можат да заминат на одмор во странство, додека министерот за здравство Јан Блатни само внимателно најави дека постепеното и бавно олеснување на мерките ќе започне кон средината на април.

„Бројките се подобри, но сепак се многу високи. Тоа е добра вест и ќе остане добра ако издржиме да продолжиме да се среќаваме минимално барем во следните две недели, со цел бројките радикално се намалат. Тогаш, терминот 12 април ќе биде реален“, рече министерот за здравство за олеснувањето на санитарните мерки на прес-конференцијата.

Според бројот на новозаразени со коронавирус во последните 14 дена во Европската Унија, Чешка беше најлоша од почетокот на февруари до сега, кога Естонија го „зазеде“ првото место на новата листа со 1.521 заразен на 100.000 жители.

Чешка бележи 1.328 случаи, за 12,5 проценти помалку од пред една недела, а трета според бројот на заразени во ЕУ е Унгарија, со 1.146 случаи на 100.000 жители.

Share
Scroll to Top