Чешкиот премиер: Неодговорни се политичарите кои нè плашат со неизбежна војна за неколку години

Чешкиот премиер: Неодговорни се политичарите кои нè плашат со неизбежна војна за неколку години

пред 2 часа

Новиот чешки премиер, Андреј Бабиш, ги обвини политичарите кои предупредуваат дека постои реална опасност Русија да започне војна во Европа, дека се неодговорни бидејќи не треба да го плашат народот со војна, но нивна должност е да ја завршат војната.

„Наместо да бараме начини што водат кон пацификација, сè повеќе слушаме приказни дека војната е неизбежна, дека ќе избувне за две или три години. Ова не е одговорна политика. Политичарите не треба да се плашат од војна, нивна одговорност е да ги прекинат војните. Војната е привлечна само за оние што никогаш не ја доживеале“, рече Бабиш во обраќање на социјалните мрежи.

Бабиш ги критикуваше политичарите кои зборуваат за војната како да е некаква апстрактна игра, а не за животи, распаднати семејства и изгубена иднина.

„Ја отфрлам тезата дека мирот е слабост. Праведен и одржлив мир е обврска кон нашите деца и нивната иднина“, рече Бабиш.

Новиот чешки премиер изрази желба 2026 година да биде година на мир и рече дека верува дека така ќе биде.

Текстот Чешкиот премиер: Неодговорни се политичарите кои нè плашат со неизбежна војна за неколку години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top