Човек убиен при апсење во Минеаполис

пред 4 години

Американските маршали убиле едно лице при обид за апсење во Минеаполис, а станува збор за осомничен со државна потерница.

Настанот предизвика помал протест во градот, кој сè уште е под импресии од полициското убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

„За време на инцидентот, субјектот кој бил во паркиран автомобил не го почитувал предупредувањето и покажал оружје, што резултирало со тоа припадниците на специјалната единица да пукаат кон него“, се вели во соопштението на органите на редеот, пренесува „Ројтерс“.

Не е наведено кои службеници за спроведување на законот биле вклучени во инцидентот, но меѓу нив немало припадници на полицијата од Минеаполис, чии членови го убија Џорџ Флојд пред една година.

Службениците се обиделе да го оживеат човекот, но лекарите на самото место го прогласиле за мртов. Жената која била во автомобилот со осомничениот се здобила со полесни повреди од скршеното стакло.

Очевидци велат дека слушнале десетина истрели.

Share
Scroll to Top