Шведска усвои нов закон кој не предвидува карантин за време на епидемија

пред 4 години

Шведскиот парламент усвои закон со кој привремено и се даваат на владата нови овластувања во борбата против пандемијата на коронавирус, особено што дозволува за прв пат затворање на рестораните и претпријатијата.

Шведската влада сè уште не прецизираше како и кога има намера да го спроведе законот, додека бројот на смртни случаи од последиците на коронавирусот се приближува до бројките од првиот бран на пандемијата.

Новиот закон ќе и овозможи на владата да воведе рестриктивни мерки во одредени области и да воведе парични казни и санкции за непочитување на законот, што досега не беше случај.

Властите ќе можат да ги затворат продавниците, трговските центри или јавниот превоз, па дури и да го ограничат бројот на лица на кои им е дозволено да се собираат на одредени јавни места, наместо да воведат општи мерки.

Законот, сепак, не дозволува воведување карантин за сите жители.

Шведска, за разлика од остатокот од Европа, управуваше со пандемијата врз основа на препораките.

Кога станува збор за заштитни маски, тие веќе подолго време не се препорачуваат никаде на јавен простор, но од вчера се препорачуваат во јавниот превоз и само во сообраќаен метеж.

Во Шведска, која има 10,3 милиони жители, досега има повеќе од 48.000 лица заразени со корона, а 9.262 лица починаа како резултат на болеста.

Share
Scroll to Top