Шведска ја спушти границата за вакцинација на 16 години

пред 4 години

Шведска ќе одобри вакцинација против коронавирус за сите лица на возраст над 16 години, со што се поместува претходната граница што важеше за сите над 18 години, соопшти денеска Шведската здравствена агенција.

Шефот на агенцијата Јохан Чарлсон изјави дека тие донеле одлука младите на возраст од 16 и 17 години да бидат вклучени во вакцинацијата, пишува „Ројтерс“.

Повеќе од половина од возрасната популација во Шведска е полу-вакцинирана, а една третина е целосно вакцинирана.

Во последните неколку недели, новите случаи на коронавирус нагло паднаа во земјата.

Share
Scroll to Top