Шведски епидемиолог: Ново затворање на земјата не e успешно решение

пред 3 години

Главниот шведски епидемиолог Андрес Тегнел смета дека построгите ограничувања не се начин да се стави под контрола третиот бран на пандемијата на Ковид-19 и зголемувањето на новите случаи во земјата.

„Новото затворање не би се покажало како успешно решение. Всушност ни треба повеќе придржување кон советите и ограничувањата што веќе се во сила. Длабоко сум убеден дека веќе ги применивме најважните мерки“, рече Тегнел за дневниот весник „Дагенс најтер“, пренесува „Ројтерс“.

Исто така се наведува дека Шведска избегнувала строго затворање на земјата за време на пандемијата, училиштата биле претежно отворени, но владата постепено ги заостри ограничувањата на јавните собири, работното време на рестораните и продажбата на алкохол и го ограничи бројот на продавници што може да работат.

Минатата недела Шведска забележа речиси 10 проценти повеќе ковид-пациенти во единиците за интензивна нега, додека бројот на луѓе кои биле позитивни на коронавирус значително се зголеми, пренесува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top