Шест помали земјотреси ја погодија Италија во текот на ноќта

Шест помали земјотреси ја погодија Италија во текот на ноќта

пред 1 час

Неколку помали земјотреси, за краток временски период, ја погодија областа на Италија помеѓу Ромања и Тоскана во текот на ноќта, јавуваат италијанските медиуми.

Во периодот од 22:38 часот, регистриран е таканаречен „сеизмички рој“ од шест земјотреси, од кои најголемиот е регистриран во 3:36 часот наутро, со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала, помеѓу Чезена и Арека, пренесува „Анса“.

Епицентарот на овие земјотреси бил помеѓу општината Вергерето (Форли-Чезена) во Ромања и тосканската општина Киуси дела Верна (Ареко), според агенцијата.

Фото: ЕПА

Текстот Шест помали земјотреси ја погодија Италија во текот на ноќта е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top