Шефот на европската дипломатија во самоизолација

пред 4 години

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и комесарот на Европската комисија за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ на „Твитер“ објавија дека се во самоизолација.

И двајцата во одделни објави денескс напишаа дека нивниот последен тест бил негативен за коронавирус и дека чекаат дополнителни тестови.

Ленарчиќ рече дека нема симптоми и дека се чувствува добро.

“Ме известија дека еден член на делегацијата, кој минатата недела патуваше заедно со мене и Јанез Ленарчиќ во Етиопија, е позитивен на коронавирус. Бев негативен на враќањето во неделата. Одам да се самоизолирам според правилата и ќе чекам уште еден тест”, објави Борел на „Твитер“.

Share
Scroll to Top