Шефот на украинската армија: Маријинка повеќе не постои, но сè уште не сме се повлекле

Шефот на украинската армија: Маријинка повеќе не постои, но сè уште не сме се повлекле

пред 5 месеци

Командантот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, вчера изјави дека неговите војници останале во областа на источниот град Маријинка и покрај тврдењата на рускиот министер за одбрана дека Москва ја контролира населбата, која е претворена во урнатини по неколкумесечни борби.

Залужни им призна на новинарите дека градот е во урнатини, но дека украинските трупи сè уште се на северното крило.

Популарниот украински воен блог „Дипстејт“ доцна синоќа објави дека руските трупи ги зазеле сите области на градот кои претходно биле надвор од нивна контрола.

Заземањето на Маријинка би претставувало најзначајна добивка на Москва на бојното поле од мај.

„Во овој момент денес, нашите војници се уште се во северните области“, рече Залужни. „Нашите војници подготвија одбранбена линија надвор од ова место, но можам да кажам дека местото повеќе не постои“.

Тој рече дека украинските сили се решени да го одбранат секој агол на земјата, без разлика дали тоа е Маријинка, Бахмут или Авдивка, два други града на истокот од земјата кои се предмет на повеќемесечни борби.

Авдивка, останува во украински раце, но веќе два месеци е под жестоки напади.

Текстот Шефот на украинската армија: Маријинка повеќе не постои, но сè уште не сме се повлекле е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top