Територијалниот интегритет на Украина никогаш нема да биде предмет на преговори со Русија, предупреди претседателот на украинскиот парламент на Врховната Рада. Тој одржа говор во Европскиот парламент за време на посетата на Стразбур.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
– Тема на преговорите никогаш нема да биде прашањето за украинскиот суверенитет, независност и територијален интегритет. Украина е комплетна, суверена земја и ќе остане таква бидејќи е призната како таква од целиот цивилизиран свет, изјави Руслан Стефанчук за Еуроњуз.
Шефот на украинскиот парламент Стефанчук изјави дека има простор за преговори и дипломатија, но дека мора да се сфати дека со секој Ирпин, Буча и Мариупол просторот станува се помал и помал.
Се погласни се шпекулациите за тоа какви отстапки би можела да бара Русија за да се постигне примирје и да се запре агресијата против Украина. Стефанчук истакна дека војната ќе заврши со победа на Украина и на цела Европа. Рече дека не знае кога ќе биде, но дека е сигурен дека заедничката победа секој ден е се поблиску.
– Украинците сакаат да бидат обединети и сакаат да бидат во Европа. Тие сакаат да живеат со слободни земји, а не во Советскиот Сојуз 2.0 – рече Стефанчук кој побара Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ. Киев смета дека тоа е важно за зајакнување на моралот на луѓето.
Доколку земјите-членки едногласно се согласат за статусот, Украина официјално ќе започне долг, сложен и скап процес на пристапување во ЕУ. Неколку членки тврдат дека пристапувањето не е соодветно решение за актуелната криза.
Италијанскиот премиер Марио Драги неодамна изјави дека Италија е единствената голема земја од ЕУ што го поддржува кандидатскиот статус во случајот со Украина, пренесе Аваз.ба.