Шифрирани разговори меѓу Бајден и Зеленски

пред 3 години

Соединетите Американски Држави му дадоа на украинскиот претседател Володимир Зеленски шифрирана комуникациска опрема, што му овозможува да го контактира американскиот претседател Џо Бајден преку безбедна телефонска линија, пишува Њујорк Тајмс.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека САД споделуваат разузнавачки информации со Украина во реално време, но не прецизираше никакви детали.

Истиот весник пишува дека американските разузнавачки тимови наводно работат на запирање на руските дигитални напади и комуникации.

Персоналот на американската команда за кибер-одбрана, со седиште во САД и Германија, обезбедува разузнавачки информации на украинската армија од сателитски снимки и електронски пресретнати податоци во рок од еден или два часа по нивното собирање, според Њујорк тајмс.

Share
Scroll to Top