Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија ќе продолжи да му помага на Израел со тоа што ќе продолжи да ја снабдува таа земја со оружје.
На маргините на самитот на лидерите на ЕУ, Шолц рече дека Израел мора да го почитува меѓународното право и дека решението со две држави е крајната цел, пренесе Ројтерс.
– За мене е јасно дека поддршката на Израел значи и дека постојано ја обезбедуваме одбранбената способност на Израел, на пример со снабдување со воена стока или оружје – изјави германскиот канцелар.
Според медиумот, во последните денови, бројни светски лидери и организации повикаа на прекин на продажбата на оружје на Израел.
Текстот Шолц: Германија ќе продолжи да го снабдува Израел со оружје е превземен од МАКФАКС.