Шолц предупредува на опасноста од ширење на војната во Украина

пред 3 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска предупреди на опасноста од проширување на војната во Украина, нагласувајќи дека земјите од НАТО не смеат директно да интервенираат во воениот конфликт.

За време на посетата на командата на Бундесверот во Швиловзе, Шолц истакна дека е важно конфликтот да не се шири надвор од Украина.

Тој додаде дека ЕУ ја поддржува Украина и воведе санкции против Русија.

Share
Scroll to Top