Шолц: Промената на режимот во Русија не е цел ниту на НАТО ниту на американскиот претседател

пред 2 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека промената на режимот во Русија не е цел на НАТО и покрај руската инвазија на Украина.

– Промената на режимот во Русија не е цел на НАТО, ниту на американскиот претседател Џо Бајден. Имав можност опширно да разговарам со него во Белата куќа и разговаравме и за овие прашања – изјави Шолц на германскиот јавен канал АРД.

– Демократијата, слободата и правото секаде имаат иднина, а јас сметам на длабоката желба што ја имаме како луѓе да живееме во демократија. Сепак, на народот и народите им останува да се борат за таа слобода. Она што треба да го гарантираме е дека нема повреда на интегритетот и суверенитетот на државите – додаде Шолц.

Да потсетиме, Бајден во саботата во Варшава рече дека Владимир Путин не треба да остане на власт, а Белата куќа веднаш реагираше, уверувајќи дека американскиот претседател не повикал на промена на режимот во Русија.

Share
Scroll to Top