Шолц ја поддржа политиката на Меркел кон Русија, освен енергетската зависност

пред 2 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали политиката на неговата претходничка Ангела Меркел кон Русија, пишува германскиот весник „Велт“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Политиката на мирен соживот никогаш не може да биде погрешна“, рече политичарот, но како грешка ја оцени енергетската политика, односно поврзаноста на енергетските резерви со Русија.

Шолц спомена и дека ја поддржува одлуката на Меркел кога таа се спротивстави на влезот на Украина во НАТО.

„Секоја земја што сака да стане членка мора да ги исполни критериумите за влез во НАТО. Влезот на Украина во блокот не беше на дневен ред“, нагласи тој.

Претходно, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека ја смета за точна одлуката што ја донела пред четири години, кога реагираше негативно на идејата за влез на Украина во НАТО, бидејќи слична акција би предизвикала конфликт со Русија.

Share
Scroll to Top