Шпанецот кој ја уби и изеде својата мајка доби 15 години затвор

пред 4 години

Шпанец е осуден на 15 години затвор за убиство на својата мајка чиј остатоци потоа ги јадел.

Алберто Санчез Гомез (28) беше уапсен во 201/9 година откако полицијата пронајде остатоци од човечки труп во куќата на неговата мајка. Дел од нив биле во пластични садови за храна.

Санчез се бранеше со ментална неврамнотеженост, изјавувајќи дека за време на убиството имал психотична епизода, но судот ги отфрли неговите аргументи и го осуди на 15 години затвор за убиство на неговата мајка и на уште пет месеци затвор поради криење на нејзините останки.

Исто така, му е наредено да му исплати 60.000 евра отштета на неговиот брат, пишува Би-би-си.

Пријател на Марија Соледад Гомез (60) ја контактирал полицијата во февруари 2019 година, изјавувајќи оти е загрижен дека таа не е добро. Полицајците го посетиле нејзиниот дом во Мадрид и ги пронашле нејзините остатоци.

За време на судењето, се дозна дека Санчез, тогаш 26-годишен, ја задавил својата мајка за време на расправија. Потоа тој ја распарчил и јадел делови од нејзиното тело следните две недели, притоа хранејќи го дури и своето куче.

Шпанските медиуми наведуваат дека младиот човек веќе и бил познат на полицијата поради насилство врз неговата мајка и дека имал забрана за пристап.

Share
Scroll to Top