Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави денес дека Шпанија ќе се приклучи на Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во кој Израел е обвинет за геноцид за конфликтот во Газа.
Шпанија е втората европска држава по Ирска, која се приклучи на постапката, а се придружија и Чиле и Мексико, пишува „Ројтерс“.
Јужна Африка поднесе тужба против Израел заради војната во Газа, потенцирајќи дека Израел ги прекина своите обврски од Конвенцијата за геноцид.
Минатиот месец судот му нареди на Израел да ги спречи актите на геноцид над Палестинците и да направи повеќе за да им помогне на цивилите.
Како одговор на итно барање поднесено од Јужна Африка, МСП исто така му нареди на Израел „веднаш да ја запре својата воена офанзива и која било друга акција во провинцијата Рафа“.
Израел се соочува со зголемена меѓународна критика во последните неколку недели, бидејќи иницираше воена операција во јужниот дел на Газа, каде што се повеќето раселени луѓе.
Текстот Шпанија објави дека ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел во Хаг е превземен од МАКФАКС.