Шпанија стана првата земја во ЕУ со повеќе од милион заразени

пред 3 години

Шпанија стана првата земја во ЕУ која надмина еден милион заразени со коронавирус, додека владата разгледува заострени мерки за запирање на ширењето на пандемијата, објави Дојче веле.

Земјата објави 16.973 нови случаи од вторник до среда, со што вкупниот број се искачи на 1.005.295, од кога беше дијагностициран првиот случај на 31 јануари.

Бројот на смртни случаи се искачи на 34.366, со регистрирани 156 во последните 24 часа.

Шпанија беше една од земјите најсилно погодени од првиот бран на пандемијата се додека не спроведе едно од најстрогите ограничувања и контроли во Европа помеѓу март и јуни.

Со просечно заразени помлади луѓе, овој втор бран на пандемија во европската земја е помалку смртоносен од првиот, кој достигна врв помеѓу крајот на март и почетокот на април, со околу 800 смртни случаи на ден.

Владата испитува поостри мерки: „Доаѓаат многу тешки недели“

Министерот за здравство рече дека владата разгледува различни мерки, вклучително и полициски час – мерка спроведена во Франција, Белгија, Словенија и два региона на Италија.

„Доаѓаат многу тешки недели, доаѓа зима, вториот бран повеќе не е закана, туку реалност низ цела Европа“, предупреди министерот, истовремено потврдувајќи дека владата е „отворена за сите можни пристапи“ кон вирусот.

Share
Scroll to Top