Шпанската влада денеска ќе ги помилува каталонските сепаратисти

пред 3 години

Шпанската влада денеска треба да го официјализира помилувањето на девет лидери, кои издржуваат затворски казни за нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година, а премиерот Педро Санчез вели дека одлуката го отвора патот кон помирувањето.

Шпанската влада предводена од социјалистите денеска ќе ги одобри многу спорните помилувања на девет каталонски политичари, поборници за независност кои беа осудени за нивната улога во нелегалниот, неуспешен обид за отцепување од остатокот на земјата во октомври 2017 година, пренесува „Гардијан“.

Анкетите претходно покажаа дека околу 60 проценти од Шпанците, вклучувајќи ги скоро сите опозициски партии, се спротивставуваат на ослободувањето на деветтемина политичари и активисти приведени за нивната улога во хаотичните и понекогаш насилни настани што ја предизвикаа најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении.

Share
Scroll to Top