Шпански научници предлагаат да се молчи во јавниот превоз поради коронавирусот

пред 4 години

Научниците од шпанскиот Национален совет за истражување препорачуваат корисниците на метроата и јавниот превоз да не разговараат едни со други или преку мобилен телефон додека се возат, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, пишува шпанскиот весник Ла Вангардија.

Тие го правдаат своето мислење со податоци според кои воведувањето на таква мерка може значително да го намали ризикот од зараза.

Експертите ширум светот со месеци бараат поостри мерки од нивните влади за да се спречи ширењето на заразата во воздухот.

Покрај одржувањето на физичката оддалеченост, личната хигиена и секојдневното носење маски, се знае дека проветрувањето е една од клучните мерки за спречување на инфекција со коронавирус.

Докажано е дека вирусот може да се пренесе преку честичките во воздухот, поради што во повеќето згради, како што се училиштата, прозорците се отворени, така што просторот каде што престојуваат голем број на луѓе постојано се проветрува.

Научникот од шпанскиот CSIC, Марија Круз Мингилон, ја истакна важноста на проветрувањето на просториите, но исто така смета дека би било добро да се почитува друга мерка – да се молчи, односно да не се зборува додека се вози во јавен превоз.

Мингвилон изненади со своето барање, велејќи дека „би било идеално да има натпис на влезот во метрото: Тишина во метрото“.

Таа објасни дека „тишината со правилно носење на маската придонесува за минимален ризик од пренесување на коронавирус“.

Мингијолон додаде дека во метро нема вентилација и дека ако некој заразен со коронавирус се вози со метрото, многу е важно во воздухот во вагоните да нема присуство на вирусот. Смета дека истата мерка треба да се примени и во другите видови јавен превоз.

Вкупниот број на случаи со коронавирус во Шпанија е 1,19 милиони и земјата се соочува со неконтролирано зголемување на бројот на новозаразени. Досега скоро 35.900 луѓе починаа како резултат на ковид-19 во таа земја.

На 25 октомври, шпанскиот премиер Педро Санчез донесе одлука за воведување на вонредна состојба во претстојниот шестмесечен период, проследено со полициски час низ целата земја, со исклучок на Канарските острови.

Share
Scroll to Top