Инвестициската деловна групација ИбертАлантик разговара за можното производство на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирусот, изјави извршниот директор Педро Моурино.
„Што се однесува до ИберАтлантик, можам да потврдам дека сме во преговори со некои други компании, кои не можам да ги именувам, како и со рускиот фонд за директни инвестиции за предлогот „Спутник В“ да се донесе во Шпанија, Пиринејскиот полуостров и европскиот пазар“, рече тој.
Во изјава за тамошните медиуми, Моурино , не сакаше да открие до каде се разговорите.
Кон крајот на февруари, вицепремиерот Александар Новак рече дека по разговорите со Шпанија за трговија и економска соработка, Русија изразила подготвеност да соработува со Шпанија за производство на вакцини и за заедничка борба против пандемијата.