Што ќе прави Европа без рускиот гас?

пред 2 години

Европскиот парламент е подготвен да повика на ограничувања низ ЕУ за увозот на руска нафта и гас во блокот, бидејќи бара уште построги санкции насочени кон „стратешко слабеење“ на руската економија и способноста за водење војна.

За текстот ќе се гласа по обраќањето пред европратениците на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се очекува да се обрати пред Собранието во Брисел преку видео врска.

Сепак, иако многу европски земји, особено членки на ЕУ, речиси ја прекинаа економската соработка со Русија поради економските санкции, ниту една од нив не се осмелува да го примени принципот на казнување на увозот на гас и нафта бидејќи тоа би предизвикало колапс на нивната економија.

Share
Scroll to Top