Шји: Кина е подготвена да соработува со САД

пред 2 години

Кина е подготвена на вистински начин да пристапи кон разликите со САД, за билатералните односи што поскоро да се вратат на вистинскиот пат, изјави претседателот Шји Џинпинг.

Тоа го истакна во пресрет на виртуелната средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Во писмото што го прочита кинескиот амбасадор во САД, Чин Ганг, синоќа на вечерата на Националниот комитет за американско-кинеските односи во Вашингтон, Шји исто така рече дека Кина е подготвена да соработува со САД за регионални и глобални прашања.

Датумот на Самитот Шји-Бајден не е објавен, а „Ројтерс“, според информациите испратени на тоа прашање, наведува дека се очекува да се одржи следната недела.

Share
Scroll to Top