Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, е прогласен за најдобар српски спортист за минатата година, во изборот на Олимпискиот комитет на Србија.
На натпреварот имаше 19 натпреварувачи, а Ѓоковиќ по 10-ти пат успеа да ја освои оваа награда.
Во 2023 година го освои Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен, а играше и во финалето на Вимблдон каде беше поразен од Карлос Алкараз.
Го освои и завршниот Мастерс во Торино и годината ја заврши како најдобар тенисер во светот.
На Ѓоковиќ ќе му биде врачена награда.
Текстот Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист во Србија е превземен од МАКФАКС.