Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека евакуираниот персонал од словенечката амбасада ќе се врати во Киев.
Јанша во објава на Твитер изјави дека дипломатите доброволно се враќаат во Киев.
„Работиме да ги натераме другите членки на Европската унија да го сторат истото. На Украина и треба директна дипломатска поддршка“, додаде Јанша.