Јапонија е подготвена да одобри итни заеми од најмалку 100 милиони долари за Украина, му рекол јапонскиот премиер Фумио Кишида на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се наведува во соопштението на јапонската влада за нивниот телефонски разговор.
Понудата доаѓа во време кога Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, што ги поттикнува стравувањата од војна и негативно влијае врз украинската економија, иако Москва негира дека планира инвазија и го обвинува западот за ширење хистерија.
Кишида, исто така, рекол дека Јапонија планира да преземе соодветни чекори, вклучително и можни санкции, доколку Русија ја нападне Украина.