Јапонија ќе ги вакцинира граѓаните на работните места и по факултетите

пред 3 години

Јапонија планира да започне со вакцинирање на граѓаните на работните места и на универзитетите од 21 јуни, со цел да се забрза темпото на имунизација, изјави денеска високиот владин службеник, Кацунобу Като.

Тој изјави дека вакцини од американската компанија „Модерна“ ќе бидат достапни на работните места и факултетите, објави „Ројтерс“.

„Проширувањето на бројот на пунктови за вакцинација има за цел да го намали притисокот врз локалните заедници, но и да се забрза имунизацијата“, изјави Като.

Share
Scroll to Top