Јапонскиот премиер: Се подготвуваат нови мерки за поддршка на Киев и повеќе санкции против Москва

пред 3 години

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека планира да претстави неколку мерки за поддршка на Украина и нов пакет санкции од Токио за Русија, на состанокот на Г7 во Брисел.

Кишида треба да отпатува за Белгија подоцна денеска за да присуствува на состанокот на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина, пишува Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од Јапонија да го зголеми притисокот на санкциите врз Русија, со воведување трговско ембарго на руски стоки.