Ја убил помалата сестра пред очите на семејството, па повикал полиција во Бремен: тврди дека му била „извалкана честа“

Ја убил помалата сестра пред очите на семејството, па повикал полиција во Бремен: тврди дека му била „извалкана честа“

пред 2 години

Млад маж (24) од Бремен ја убил својата помлада сестра, соопшти германската полиција.

Според соопштението, младиот човек, чиј идентитет не се открива, по делото сам повикал полиција и признал што направил.

Тој рекол дека со нож ја избодел сестра си, а набрзо на местото пристигнале итните служби, но лекарите можеле само да констатираат смрт на девојчето.

Младиот човек веднаш се предал и не дал отпор при апсењето. На полицајците им рекол и дека ја убил сестра си затоа што му ја оцрнила честа.

Истрагата се уште е во тек, а младиот човек е во притвор.

Полицијата соопшти дека по завршувањето на истрагата ќе се знае како дошло до конфликтот меѓу братот и сестрата, пишува „RTL.de“.

„Се смета дека мотивот за злосторството е нерасчистениот семеен однос меѓу сестрата и братот. Тој наводно не бил задоволен од начинот на живеење на неговата сестра и мислел дека таа му ја оцрнува честа“, соопштено е.

Во моментот на злосторството во станот во кој живееле имало и други членови на семејството.

Текстот Ја убил помалата сестра пред очите на семејството, па повикал полиција во Бремен: тврди дека му била „извалкана честа“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top