Јоханис: Вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата

пред 4 години

Излезот од пандемијата на Ковид-19 е масовна вакцинација, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис, додавајќи дека ограничувачките мерки постепено ќе се укинуваат кога бројот на заболени од коронавирус ќе почне да опаѓа и кога ќе се намали бројот на хоспитализирани и починати пациенти.

„Без вакцинација не можеме да излеземе од пандемијата, тоа е многу јасно. И патот надвор од пандемијата води преку масовна вакцинација. Јас сум вклучен во кампањата за вакцинација, ќе продолжам да работам и да ги посетувам центрите за вакцинација, да разговарам со луѓето, ќе давам јавни изјави како денес: ‘Драги Романци, вакцинирајте се’“, рече Јоханис, објави „Аџерпрес“.

Шефот на романската држава смета дека вакцинацијата се одвива со добро темпо, но ограничувачките мерки не можат да бидат укинати преку ноќ.

„Засега можам да кажам дека вакцинацијата се одвива многу добро. Ние вакцинираме 100.000 луѓе на ден. Како што се намалува пандемијата, ако видиме дека паѓаат бројките, мерките постепено ќе се олеснат. За жал, многу луѓе сè уште умираат од коронавирусот“, рече Јоханис.

Share
Scroll to Top