Јужна Кореја, САД и Јапонија: Она што го направи Северна Кореја е сериозна провокација

пред 2 години

Неодамнешното севернокорејско ракетно тестирање е сериозна провокација, рекоа високи претставници од Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и Јапонија, повикувајќи го Пјонгјанг да се врати на дијалогот и да ја прифати понудената помош во борбата против Ковид-19, пишуваат светските агенции.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјун-донг, заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман и јапонскиот заменик-министер за надворешни работи, Такео Мори, ова го кажаа на состанокот во Сеул, три дена по најновиот ракетен тест извршен од Северна Кореја.

На трилатералниот состанок на дипломатите од второ ниво, прв од ваков вид од ноември, беше истакнато дека интензивирањето на тестирањето на оружјето што го спроведува Северна Кореја е сериозен проблем што треба итно да се реши.

Официјални лица на САД и Јужна Кореја изјавија дека Северна Кореја е подготвена за првата нуклеарна проба од 2017 година, за која Шерман рече дека ќе предизвика силен и јасен одговор, пренесуваат агенциите.

Share
Scroll to Top