Јужнокореец побегна во Северна Кореја

пред 2 години

Јужнокореец успеал да ја помине силно вооружената граница меѓу двете Кореи, што е редок случај на бегство на север.

Јужнокорејската војска објави дека започнала потрага по бегалецот, откако го забележала во 21.20 часот во саботата на источната страна од демилитаризираната зона (ДМЗ) што ја дели демократската од комунистичката Кореја.

„ Потврдивме дека лицето ја преминало воената демаркациона линија околу 21.40 часот и побегнало во Северна Кореја“, соопшти војската.

Ова преминување се случува во време на сериозни ограничувања поради коронавирусот во Северна Кореја. Државата целосно ги затвори своите граници на почетокот на 2020 година и официјално не потврди ниту еден случај на инфекција со коронавирус.

Share
Scroll to Top