Јутјуб затвора 7 канали поврзани со Хутите

пред 3 години

По означувањето на движењето на Хутите во Јемен како странска терористичка организација од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Јутјуб трајно избриша седум канали поврзани со Хутите, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Одлуката на САД тогаш беше критикувана од разни невладини организации и од некои високи американски функционери дека ги попречуваат напорите за меѓународна помош и ги поткопуваат сите изгледи за мировни разговори. Актуелната администрација на претседателот Џо Бајден ја разгледува ознаката во ек на се погласните повици за нејзино отповикување.

Јутјуб, кој е во сопственост на Гугл од 2006 година, ги отстрани каналите, вклучувајќи ги Ал-Масира Мубашер, Милитари медија, групата АнсарАлах и Замел АнсарАлах, и објави дека тие се трајно избришани по разгледувањето на нивната содржина за кои се смета дека содржат тешки прекршувања на правилата за објавување.

Поранешниот американски државен секретар, Мајк Помпео, на почетокот на овој месец рече дека ознаките се наменети за да се повикаат Хутите на одговорност за своите терористички дела, вклучително и прекугранични напади вез цивилното население, инфраструктурата и трговскиот транспорт.

Јутјуб каналите често се користат за пропагандни цели, вклучително и снимки од воени ангажмани и напади врз саудиските сили преку границата, особено од операциите за ослободување во покраината Најран, историски дел од Јемен.

Денес беа одржани масовни митинзи низ Јемен во најмалку 14 провинции во знак на протест против означувањето на Хутите, кои се дел од де-факто владата со седиште во главниот град Сана. За денес е закажан и митинг преку Интернет промовиран под хаштагот #DayofAction4Yemen.

Според Институтот за Блискиот Исток, ставањето на Хутите на црната листа на САД покренува важни прашања за големите технолошки компании поради нивното големо присуство на социјалните мрежи.

Движењетп, исто така, одржува активна група на Телеграм и има официјална веб-страница хостирана од Cloudfare со седиште во Сан Франциско.

Share
Scroll to Top