Ќерката на Гејтс прими вакцина против Ковид-19 и се пошегува на сметка на теориите на заговор

пред 3 години

Џенифер Гејтс, ќерка на основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, во петокот ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19 и успеа да се пошегува за сметка на бројните теории на заговор за тоа.

„За жал, вакцината не ја всади генијалноста на татко ми во мојот мозок – само кога mRNA би ја имала таа моќ“, напиша Џенифер на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Нејзиниот татко се фокусираше во рамките на неговата фондација Бил и Мелинда Гејтс за подобрување на технологијата за развој на вакцини и долго време предупредуваше на можноста за вирусна пандемија, многу пред ковидот да се прошири низ целиот свет. Затоа Бил Гејтс стана централна фигура во теориите на заговор против вакцините.

Освен што се пошегува со нејзиниот татко, Џенифер (24), студентка по медицина, објави и фотографија на која има маска и стикер на кој пишува дека ја примила вакцината.

„Јас сум повеќе од привилегирана да ја примам мојата прва доза mRNA за да ги научам моите клетки да додадат заштитен имунолошки одговор на вирусот. Како студентка по медицина, која сака да стане лекар, благодарна сум што тоа ќе ми обезбеди заштита и сигурност за идната пракса. Ги охрабрувам сите да прочитаат повеќе и да го земат предвид тоа (вакцинација) за себе и за своите семејства кога ќе им се даде можност. Колку повеќе луѓе се имунизираат, нашите заедници ќе бидат побезбедни за сите“, рече Џенифер.

Таа исто така им се заблагодари на сите што овозможија да се добие вакцината, објави „Си-ен-ен“.

Share
Scroll to Top