Џонсон: Не целиме кон смена на Путин, туку кон заштита на Украинците

пред 2 години

Целта на Велика Британија не е промена на режимот во Москва или смена на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој рече дека намерата на Лондон е да ги заштити Украинците во војната.

„Ние едноставно се обидуваме да помогнеме во заштитата на народот на Украина, да го заштитиме од целосно варварско и неразумно насилство“, рече Џонсон.

Share
Scroll to Top