Полицијата ќе ги казни премиерот Борис Џонсон и министерот Риши Сунак за карантинските забави.
Лондонската полиција соопшти дека идентификувала најмалку 50 прекршувања како дел од истрагата за скандалот „Партигејт“ кој му нанесе голема штета на Џонсон.
Иако полицијата не наведе ниту еден од осудените, Даунинг стрит подоцна обелодени дека на Борис Џонсон и Риши Сунак им било кажано дека ќе добијат фиксни казни за кршење на законот.
Скандалот изби кога беше откриено дека се организирале забави во канцелариите и резиденцијата на Џонсон за време на строгите карантини во екот на пандемијата со коронавирус.