Џонсон: Ќе обезбедиме 200 милиони фунти и ќе им олесниме на Украинците во Велика Британија да ги донесат своите роднини

пред 2 години

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека владата на Британија ќе им олесни на Украинците кои веќе се на Островот да ги доведат своите роднини.

Џонсон изјави дека британската влада ќе обезбеди до 220 милиони фунти хуманитарна помош, а исто така рече дека ќе стави на подготвеност 1.000 војници за помош на хуманитарниот договор во соседните земји.

Тој ја повтори поддршката на Велика Британија за Украина.

Share
Scroll to Top