100 долари за секој кој ќе се вакцинира до крајот на годината во Њујорк

пред 3 години

Жителите на Њујорк кои ќе се вакцинираат до крајот на годината ќе добијат по 100 долари, најави градоначалникот Бил де Блазио.

Според него, Њујорк повеќе не може да се соочи со затворање на училишта и компании, како што беше случај за време на првиот бран на Ковид-19, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Сепак, се уште не е одлучено дали градската новогодишна прослава на Тајмс Сквер ќе продолжи според планираното.

Минатата година се одржа скромна прослава, но Де Блазио се надева дека годинешниот прием ќе биде „во полн сјај“.

Share
Scroll to Top