Во поплавите во Бангладеш предизвикани од обилните сезонски дождови загинаа 13 лица, а голем број жители се раселени.
Околу 4,4 милиони луѓе беа погодени од поплави во 11 од 64 области во Бангладеш, според најновиот извештај на Националниот координативен центар за одговор при катастрофи, пренесува новинската агенција Ксинхуа.
Во прифатните центри се сместени околу 200.000 луѓе.
Текстот 13 лица загинаа во поплавите во Бангладеш, 4,4 милиони беа погодени од поплавите е превземен од МАКФАКС.






