13-годишен ученик  со ножици избол другар во училишниот двор во Виена

13-годишен ученик со ножици избол другар во училишниот двор во Виена

пред 1 месец

Во средно училиште во Виена се случил инцидент во кој 13-годишен ученик по наставата со ножици избол 12-годишен другар.

Двајцата го напуштале училиштето по часовите кога 13-годишникот го нападнал училишниот другар.

Според австриските медиуми, инцидентот се случил во петокот околу 13 часот во образовна институција во Пеларнштрасе и при нападот 13-годишникот користел тапи ножици.

На крвавиот настан му претходела жестока расправија меѓу другарите, која ескалирала кога тие излегувале од зградата.

Се уште не е познат мотивот за нападот.

На повреденото момче веднаш му била укажана соодветна лекарска помош и било пренесено во болница.

Текстот 13-годишен ученик со ножици избол другар во училишниот двор во Виена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top