13 случаи на омикрон во португалски фудбалски клуб

пред 2 години

Португалските здравствени власти денеска објавија дека 13 случаи на омикрон, се идентификувани кај играчите на фудбалскиот клуб Белененсес.

Националниот институт за здравје соопшти дека еден од заразените бил играч на Белененсес, кој неодамна отпатувал во Јужна Африка, каде за прв пат бил идентификуван видот на вирусот.

На сите што биле во контакт со заболените им е наредено да се изолираат, без разлика на вакциналниот статус или изложеност на можна инфекција и редовно ќе се тестираат, соопштија од Институтот.

Најавено е и дека ќе бидат тестирани и фудбалерите на Бенфика кои во саботата играа против Белененсес.

Share
Scroll to Top