14 лица починаа од труење со алкохол во Русија

пред 5 години

Најмалку 14 лица починаа од труење со алкохол во регионот Оренбург во Русија, објави регионалната влада.

Првите извештаи за труење со метанол во регионот Оренбург биле пријавени вчера.

„Досега имаме податоци за 22 пациенти, од кои 14 починаа. Останатите се лекуваат во болница“, соопшти прес -службата.

Покрената е кривична постапка под обвинение за производство и продажба на производи што не ги исполнуваат стандардите за безбедност, а тројца осомничени се во притвор.

Share
Scroll to Top