15-годишно девојче паднало од зграда во Србица и со тешки повреди било пренесено во болница, каде што им подлегнало на повредите.
По паѓањето од балконот на зграда во Србица, девојчето било итно префрлено во локалната болница на лекување, а потоа и во Универзитетскиот клинички центар во Косово, каде што починало.
Во полициското соопштение се наведува дека девојчето паднало од зградата околу 17.30 часот.
„Жртвата е испратена на лекување во регионалната болница, а потоа продолжила кон Приштина, каде што, како што е соопштено, жртвата починала. Со одлука на обвинителот телото е испратено на обдукција“, се вели во соопштението објавено од медиумите на албански јазик.
Текстот 15-годишно девојче падна од тераса во Косово е превземен од МАКФАКС.





