25 заразени со коронавирус на журка во Германија, меѓу нив има и вакцинирани кои го добиле делта-сојот

пред 3 години

Во германскиот град Карлсруе, најмалку 25 гости се заразиле со коронавирус по забава во дискотека.

Постојат сомневања дека коронавирусот присутните го добиле од најмалку двајца заразени гости.

Новото жариште досега предизвикало вкупно 34 новозаразени со коронавирус, изјави надлежниот покраински секретар Кнут Билер.

Медиумите пренесуваат дека шестмина од новозаразените биле целосно вакцинирани но сега добиле и делта-сој на коронавирус.

Инфицираните досега имале типични симптоми на коронавирус и ниту еден од пациентите немал потешка форма на болеста.

Билер рече дека регистрацијата на гостите е проблематична, односно дека ливчињата се пополнувале рачно, и според него секој втор билет не може да се прочита, односно не ги содржи сите информации или истите недостасуваат.

Share
Scroll to Top