30 лица во Белгија уапсени во акција против нелегална трговија со дрога

пред 2 години

Во рамки на голема меѓународна истрага, белгиската полиција во акција привела 30 лица осомничени за нелегална трговија во најмалку седум земји, соопшштија од обвинителството.

Од канцеларијата на обвинителот објавија дека извршиле уште 10 други апсења во странство, дека биле извршени 49 претреси низ цела Белгија, а најмногу во Брисел и неговата околина и во пристанишниот град Антверпен.

„Офицерите за врска на Европол, Италија и Шпанија можеа да ја пратат операцијата во живо и да споделат информации за истовремени операции во други земји“, се вели во соопштението на обвинителството, додавајќи дека се извршени 60 претреси во Германија, Шпанија, Италија, Холандија и Хрватска.

Белгија стана главен центар за трговија со дрога во Европа, со илјадници контејнери кои секојдневно пристигнуваат во Антверпен, едно од водечките пристаништа за кокаин во Европа, анализираат медиумите.

Од обвинителството велат дека истрагата, започната пред две години, открила меѓународна мрежа за шверц на дрога која вклучувала осомничени главно од Источна Европа.

Повеќето од осомничените живееле во бриселскиот кварт, но криминалната организација имала магацини во близина на пристаништето Антверпен, каде што пристигнува кокаин од Јужна Америка, соопшти обвинителството.

Share
Scroll to Top