41 месец затвор за еден од напаѓачите на Капитол-најголемата казна досега

пред 3 години

Скот Ферлемб, кој беше снимен како удира полицаец за време на нападот на американскиот Капитол на почетокот на годината, доби затворска казна од 41 месец, јавија американските медиуми.

Во нивните анализи тие пишуваат дека ова е најстрогата казна досега изречена во речиси 700 случаи покренати откако приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп го нападнаа Капитол на 6-ти јануари годинава, не прифаќајќи го неговиот изборен пораз.

Американскиот окружен судија Ројс Ламберт ја наведе сериозноста на однесувањето на сопственикот на теретаната во Њу Џерси, Скот Ферлемб, како отежнувачка околност при изрекувањето на казната, пренесуваат агенциите.

Ферлемб е снимен како вреска по полицајците пред да турне еден од нив и да го удри со тупаница по лицето. Тој се изјасни за виновен во август.

„Да одевте на судење, мислам дека нема порота која би можела да ве ослободи“, му рече судијата на првиот бунтовник осуден за насилство врз полицијата за време на нападот.

Share
Scroll to Top